Папата Лав XIV до христијаните на Блискиот Исток: Бидете орудие на мирот
Папата Лав XIV во среда 18 март 2026 година, за време на Генералната аудиенција одржана на плоштадот Свети Петар, повторно упати апел за мир, мислејќи особено на војната што го погодува Блискиот Исток. Тоа го направи и во неделата, 15 март, по молитвата Ангел Господов, кога изрази голема загриженост поради страшното насилство на војната кое во тој регион предизвика смрт на илјадници невини жртви. Денес, пак, Светиот Отец во поздравот на арапски јазик го обнови апелот, повикувајќи ги христијаните да шират мир:
„Ги поздравувам верниците од арапското говорно подрачје, особено оние што доаѓаат од Блискиот Исток. Христијанинот е повикан да биде орудие на мирот, љубовта и помирувањето, за да може вистинскиот мир да надвладее меѓу сите народи. Господ сите нека ве благослови и секогаш нека ве чува од секое зло!“
Живот вдахновен од христијанските вредности
Римскиот бискуп, во поздравот до верниците од кинеското говорно подрачје, исто така упати повик да бидат градители на мирот:
„Драги браќа и сестри, истрајте во живеењето на живот вдахновен од христијанските вредности, за да бидете орудие на мирот во општеството.“
