Молитвена накана на епископот Стојанов за месец април 2026
Во месец април, кога Црквата со посебна радост го слави Христовото Воскресение, ве повикувам во нашите лични и заеднички молитви да ја вклучиме наканата за духовна обнова на нашиот народ. Воскреснатиот Христос е извор на нов живот, надеж и благодат, кои го обновуваат човечкото срце и ја просветлуваат историјата на народите.
Во времето во кое живееме, сè поочигледни стануваат последиците од духовната оддалеченост од Бога. Гревот внесува немир во човечкото срце, кризи во семејствата и рани во општеството. Затоа Божјото слово нè повикува на враќање кон Господа: „Мојот народ, кој се именува со Моето име, се смири, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова“ (2 Летописи 7,14).
Нашата татковина има потреба од автентични христијани, кои со својот живот ќе сведочат верност на христијанските корени што низ вековите го обликувале духовниот и севкупниот живот на нашиот народ.
Во ова воскресно време да молиме Воскреснатиот Христос да го преобрази нашиот народ и повторно да го направи носител на духовна обнова и благослов за нашата земја и за Европа.