2026.04.01 15866 - Bishop Stojanov's Prayer Call for the Month of April 2026

Молитвена накана на епископот Стојанов за месец април 2026

Месечната молитвена накана на епископот Стојанов за април 2026 година, носи наслов: Со силата на Воскреснатиот Христос да молиме за духовна обнова на нашиот народ

Во месец април, кога Црквата со посебна радост го слави Христовото Воскресение, ве повикувам во нашите лични и заеднички молитви да ја вклучиме наканата за духовна обнова на нашиот народ. Воскреснатиот Христос е извор на нов живот, надеж и благодат, кои го обновуваат човечкото срце и ја просветлуваат историјата на народите.

Во времето во кое живееме, сè поочигледни стануваат последиците од духовната оддалеченост од Бога. Гревот внесува немир во човечкото срце, кризи во семејствата и рани во општеството. Затоа Божјото слово нè повикува на враќање кон Господа: „Мојот народ, кој се именува со Моето име, се смири, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова“ (2 Летописи 7,14).

Нашата татковина има потреба од автентични христијани, кои со својот живот ќе сведочат верност на христијанските корени што низ вековите го обликувале духовниот и севкупниот живот на нашиот народ.

Во ова воскресно време да молиме Воскреснатиот Христос да го преобрази нашиот народ и повторно да го направи носител на духовна обнова и благослов за нашата земја и за Европа.

01 април 2026, 12:50