Пребарување

2025.07.26 Gallagher Nunziatura Messico

Надбискупот Галагер ќе ја посети Москва

Ватиканскиот секретар за односи со државите и меѓународните организации, надбискупот Пол Ричард Галагер, од 24-28 август ќе ја посети руската престолнина Москва.

Секретарот за односи со државите и меѓународните организации во Државниот секретаријат на Светиот Престол, Галагер во Москва ќе се сретне со претставници на Руската Федерација, на Московската патријаршија и на католичката заедница.

Посетата има дипломатска, екуменска и пасторална димензија. Програмата на Галагер го покажува настојувањето на Светиот Престол и во една од најтешките фази на меѓународните односи да продолжи да се залага за дијалог.

Не е прва посета на Москва

За надбискупот галагер ова не е прва посета на руската престолнина. Неговата последна посета на Москва се одржа во ноември 2021 година.

Тогаш тој се сретна со рускиот премиер Михаил Мишустин, со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и со тогашниот претседател на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, митрополитот Иларион.

Средби со католичката заедница

За време на посетата, Галагер ќе се сретне и со католичката заедница во Москва. Предвидени се разговори со бискупите и претставниците на локалната заедница, а ќе предводи и света Литургија. За време на престојот тој ќе се сретне и со свештенството, монасите и монахињите.

Католичката Црква во Русија е малцинска по бројност и е распространета на многу голема територија. Во нејзината територијална организација спаѓаат Надбискупијата на Мајката Божја во Москва, како и епархиите на свети Климент во Саратов, Преображение во Новосибирск и свети Јосиф во Иркутск.

Контакти со Москва и Киев

Во април 2025 година Галагер во Ватикан се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а во јули 2026 година ја посети Украина.

За време на таа посета во Киев се сретна и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

23 август 2026, 15:42