Пребарување

Cookie Policy
The portal Vatican News uses technical or similar cookies to make navigation easier and guarantee the use of the services. Furthermore, technical and analysis cookies from third parties may be used. If you want to know more click here. By closing this banner you consent to the use of cookies.
I AGREE
2024.08.22 Santuario di Nostra Signora di Chandavila, La Codosera, Spain

Ватикан одобри побожност кон Пресвета Богородица Тажна во Чандавила, Шпанија

Дикастеријата за наука на верата го издаде својот „nihil obstat“, предложен од надбискупот од Мерида-Бадахоз, во врска со побожноста поврзана со светилиштето Чандавила во Шпанија.

Дикастеријата за наука на верата „слободно ја дава својата согласност“ така што надбискупот од Мерида-Бадахоз, монс. Хозе Родригез Карбаљо да продолжи да го објасни предложениот „nihil obstat“, со цел „светилиштето Чандавила, наследник на богатата историја на едноставноста, на малку зборови и многу побожност, да може на верниците кои доаѓаат и понатаму да им нуди место за внатрешен мир, утеха и преобраќање“.

Префектот кардиналот Виктор Мануел Фернандез го пишува ова во писмото одобрено од папата Фрањо на 22 август 2024 година, како одговор на писмото од шпанскиот прелат од 28 јули 2024 година, во врска со настаните од 1945 година. Тогаш во шпанскиот град Чандавила, во провинцијата Екстремадура, во близина на границата со Португалија, Пресвета Богородица им се јавила на две девојчиња како Богородица Тажна.

Според Нормите објавени на 17 мај 2024 година од Дикастеријата за наука на верата, со овластување, „дури и ако не е изразена никаква сигурност за натприродната автентичност на феноменот, се препознаваат многу знаци на делувањето на Светиот Дух“ и „дијацезантскиот епископ се охрабрува да ја цени пасторалната вредност и да го промовира ширењето на овој духовен предлог, исто така преку можни ходочестија на светото место“, додека на верниците им е дозволено да го дадат „своето придржување на разумен начин“.

Приказната за Марселина и Афра

Побожноста кон Тажната Богородица во Чандавила е родена пред крајот на Втората светска војна од духовните искуства кои две девојчиња, десетгодишната Марселина Баросо Експосито и седумнаесетгодишната Афра Бриџидо Бланко, ги доживеале одделно на истото место, почнувајќи од мај 1945 година.

„Марселина“ - пишува кардиналот Фернандез - вели дека на почетокот видела темна форма на небото, која подоцна станувала се посветла и посветла, како Девица Тажна, со црн плашт полн со ѕвезди, се спуштила на стеблото на костен. Но, длабокото искуство на оваа девојка, повеќе од видение, било искуството на прегратката и бакнежот на Богородица на нејзиното чело. Тоа уверување за нежната близина на Богородица, можеби е – напоменува кардиналот, најубавата порака. Иако, како што минуваа деновите, и таа и Афра ја идентификуваа личноста како Богородица Тажна, она што најмногу се истакнува е присуството на Богородица, која влева утеха, охрабрување и доверба. Кога Богородица бара од Марселин да оди на колена низ трње и остри камења, таа не го прави тоа за да и нанесе страдање. Напротив, таа од неа бара доверба пред овој предизвик: „Не плаши се, ништо нема да ти се случи“.

Нежноста на Марија

„Тој повик на Богородица да има доверба во нејзината љубов“ - продолжи кардиналот Фернандез - „на тоа сиромашно и страдално девојче му даде надеж и искуство да се чувствува унапредено во нејзиното достоинство. Нели е таа едноставна наметка направена плетеница од трева со која Богородица ги заштитила колената на девојчето, прекрасен израз на нежноста на Марија. Во исто време, тоа било искуство на убавина, бидејќи Богородица се појавила опкружена со светли ѕвезди, како оние на кои можело да се восхитуваш ноќе на чистото небо на малите села во Екстремадура“.

Дискретен живот во служба на болните, старите и сираците

По наводните виденија, двете девојчиња водеа „дискретен и ниту малку наметлив живот“, посветувајќи се на „делата на милосрдието, грижејќи се пред сè за болните, старите и сираците, со што им ја пренесоа на настраданите слатката утеха на љубовта на Богородица што тие самите ја доживеале“.

Многу аспекти кои укажуваат на делувањето на Духот

Поради сите овие причини - му пишува кардиналот Фернандез на надбискупот Родригез Карбало - „нема ништо што може да се спротивстави на оваа прекрасна побожност, која ја претставува едноставност што можеме исто така да ја видиме во Марија од Назарет, нашата Мајка. Има многу позитивни аспекти кои укажуваат на дејството на Светиот Дух кај многуте ходочесници кои доаѓаат, и од Шпанија и од Португалија, во преобраќањата, исцелувањата и другите скапоцени знаци што се случуваат на ова место“.

26 август 2024, 23:10
Prev
January 2025
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031 
Next
February 2025
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
232425262728