2026.06.06 Viaggio Apostolico in Spagna - Partenza da Fiumicino

Папата Лав XIV замина на апостолско патување во Шпанија

Папата Лав XIV замина на апостолско патување во Шпанија, каде што ќе ги посети Мадрид, Барселона и Канарските Острови.

Авионот на „ИТА ервејс“, во кој се наоѓаа папата Лав XIV и новинарите што го придружуваат, полета од меѓународниот аеродром „Фјумичино“ во Рим во 8:13 часот во сабот, 6 мај 2026 година, означувајќи го почетокот на неговото апостолско патување во Шпанија.

Авионот треба да слета на аеродромот „Адолфо Суарез Мадрид-Барахас“ во 10:30 часот.

Програмата на папата Лав во Мадрид започнува со официјална церемонија на добредојде во Кралската палата, по што напладне ќе следи куртоазна посета кај нивните величества, кралот Фелипе VI и кралицата Летиција од Шпанија. Во 12:30 часот, Папата ќе се сретне со претставници на властите, граѓанското општество и дипломатскиот кор во палатата.

Вечерта, во 18:00 часот, Светиот Отец ќе ги посети вработените и корисниците на социјалниот проект „CEDIA 24 Horas“ во неговиот информативен и прифатен центар.

Подоцна, во 20:30 часот, папата Лав ќе го предводи со молитвено бдение со млади на плоштадот „Плаза де Лима“ во Мадрид.

По престојот во шпанската престолнина, Папата во вторник ќе отпатува за Барселона, а во четврток ќе продолжи кон Канарските Острови.

06 јуни 2026, 15:13