Пребарување

Визуелен приказ на понтификатот на папата Фрањо, една година по неговата смрт

„Ни беше покажана милост. Да станеме милосрдни.“ Неколку зборови во кои се содржани душата на еден Папа и историјата на еден понтификат. Заедно со реченицата: „Колку би сакал Црква сиромашна и за сиромашните“, изговорена на почетокот од неговата служба.

Една година по упокојувањето на папата Фрањо, Ватикан њузВатиканското радио и официјалниот весник Л’Осерваторе Романо се навраќаат на најзначајните мигови од неговиот понтификат преку 27-минутен документарен филм со наслов „Сите, сите, сите“. Насловот е преземен од еден од неговите најпрепознатливи изрази, со кој ја изразуваше близината кон перифериите и своите постојани повици за мир во светот растргнат од „војна на делови“.

„Сите, сите, сите!“, насловот на видеото, кое е достапно на медиумските платформи на Ватикан со титлови на италијански, шпански, англиски, француски и арапски јазик, е поврзувачката нишка на еден визуелен приказ што ја пренесува пастирската суштина на понтификатот на Бергољо. Преку архивски снимки и секвенци, видеото зборува за Црква што е отворена, способна за дијалог и присутна меѓу раните на историјата.

Од средишното место на милосрдието до градењето непосредни односи, годините на Фрањо на Петровиот престол се прикажани како црковно искуство што го претвора Евангелието во конкретни и универзално разбирливи гестови.

Затоа, овој филм е поглед наназад кој, една година по смртта на Фрањо, и понатаму поставува важни прашања за сегашноста на Црквата и на светот.

22 април 2026, 08:02