Пребарување

2026.04.21 Viaggio Apostolico in Angola - Cerimonia di congedo dallâ  Angola

Папата Лав XIV пристигна во Екваторска Гвинеја, со што започна четвртата и последна етапа од неговото апостолско патување низ четири африкански земји.

Папата Лав XIV пристигна во Екваторска Гвинеја, со што започна четвртата и последна етапа од неговото апостолско патување низ четири африкански земји.

Папата Лав XIV слета во Малабо, Екваторска Гвинеја, единствената африканска држава во која шпанскиот јазик е службен, во вторник 21 април во 11:31 часот по локално време. Во земјата ќе престојува до четврток, 23 април, со што ќе биде заокружен и последниот дел од неговото единаесетдневно апостолско патување.

Светиот Отец тргна од Луанда, Ангола, во 9:19 часот по локално време, завршувајќи ја претходната етапа од својата африканска посета.

Папата помина три дена во Ангола, при што ги посети Луанда, Муксима и Сауримо.

Во Екваторска Гвинеја, Папата ќе го посети претседателот на Републиката во Претседателската палата. Предвидени се и средби со претставниците на властите, со членовите на граѓанското општество и со дипломатскиот кор.

Подоцна, Светиот Отец треба да се сретне и со претставници од светот на културата во кампусот „Лав XIV“ на Националниот универзитет, да ги посети персоналот и пациентите во психијатриската болница „Жан Пјер Оли“ и да одржи приватна средба со епископите на земјата.

Во среда, папата Лав XIV ќе отпатува од Малабо за Монгомо. Таму ќе служи света Литургија во базиликата „Безгрешно зачнување“ и ќе го посети Технолошкото училиште „Папа Фрањо“.

Потоа ќе продолжи кон Бата, каде што е предвидено да го посети локалниот затвор, да се помоли кај споменикот на жртвите од експлозијата од 7 март 2021 година и да се сретне со млади луѓе и семејства на градскиот стадион. Денот ќе заврши со неговото враќање во Малабо.

На крајот, во четврток, 23 април, на последниот ден од апостолското патување, Папата ќе служи света Литургија на стадионот во Малабо, по што ќе следи церемонијата на збогување на аеродромот.

Потоа папата Лав XIV ќе замине за Рим, каде што се очекува да пристигне подоцна истиот ден.

22 април 2026, 07:52