2025.04.18 Venerdì Santo «Passione del Signore» â   Via Crucis

Папата Лав XIV ќе го носи Крстот за време на целиот Крстен пат во Колосеумот

Папата Лав XIV ќе го предводи Крстниот пат во Колосеумот во петок, на 3 април 2026 година, за време на традиционалното богослужение на Велики Петок, кога се моли Исусовиот пат кон Голгота. Медитациите ги подготви фрањевецот, отец Франческо Патон.

Папата Лав XIV ќе ги предводи на сите четиринаесет постојки на Крстниот пат во римскиот Колосеум, носејќи го лично Крстот за време на целото богослужение, и ќе биде негов прв Велики Петок како Папа.

Медитациите за овогодишниот обред му беа доверени на фрањевецот отец Франческо Патон, кој беше Кустос на Светата Земја од 2016 до 2025 година. Канцеларијата за печат на Светиот Престол соопшти дека текстовите ќе бидат објавени во петок претпладне.

Отец Патон, мал брат фрањевец, кој често пишува од планината Нево во Јордан, честопати му давал глас на страдањето на народите од Блискиот Исток, особено во сегашниот период обележан со судири и нестабилност.

Во претходната година, како и во 2024 година, медитациите ги подготви папата Фрањо, по неговото враќање во Домот Света Марта, по подолга хоспитализација во римската болница „Џемели“. Славењето на Велики Петок на 18 април 2025 година, по барање на Папата, го предводеше кардиналниот викар на Римската бискупија, Балдасаре Реина.

01 април 2026, 12:43