Пребарување

2026.03.23 Suor Stanislawa Samulowska

Папата Лав XIV предложи шест процеси за светост

Папатата Лав XIV предложи неколку личности за светост, меѓу кои и еден Италијанец, татко на семејство, како и друг кој го принесува својот живот за верата, а исто така и една шпанска монахиња која е во служба на Црквата во текот на 20 век.

Папата Лав XIV во понеделник наутро, 23 март 2026 година во Ватикан го прими кардиналот Марчело Семераро, префект на Дикастеријата за прогласување на светци, и ја овласти Дикастеријата да објави повеќе декрети со кои се придвижуваат шест личности кон светост.

Папата го призна принесувањето на животот (oblatio vitae) на Божјиот слуга Лудовико Алтиери, бискуп на Албано и кардинал на Светата Римска Црква, роден на 17 јули 1805 година во Рим, Италија, починат на 11 август 1867 година во италијанскиот ридски град Албано Лацијале.

Светиот Отец, исто така, ги призна следните херојски доблести на четворица монашки лица и на еден италијански мирјанин, татко на семејство:

Божји слуга Едвард Џозеф Фланаган, епархиски свештеник, основач на „Boys Town“, роден на 13 јули 1886 година во Бали Мо, Ирска, починат на 15 мај 1948 година во Берлин, Германија;

Божји слуга Анри Кафарел, епархиски свештеник, основач на здружението „Екипи на Пресвета Богородица“ (Équipes Notre-Dame) и на световниот институт „Братство на Пресвета Богородица на Воскресението“, роден на 30 јули 1903 година во Лион, Франција, починат на 18 септември 1996 година во Бове;

Божја слугинка Станислава Самуловска (родена Барбара), заветувана монахиња од Друштвото на Ќерките на милосрдието на свети Винко Паулски, родена на 30 јануари 1865 година во Ворити (денешна Полска), почината на 6 декември 1950 година во Гватемала Сити, Гватемала;

Божја слугинка Марија од Витлеем на Срцето Исусово Ромеро Алгарин (родена Марија Долорес), заветувана монахиња од Конгрегацијата „Слугинките на Божественото Срце“, родена на 7 октомври 1916 година во Севиља, Шпанија, почината на 12 ноември 1977 година во Санлукар ла Мајор;

Божји слуга Џузепе Кастањети, мирјанин и татко на семејство, роден на 15 март 1909 година во Монтебаранцоне, Италија, и таму починат на 22 јуни 1965 година.

Со декретите за херојските доблести, соодветните кандидати го добиваат насловот „Преподобен Божји слуга“, односно кратко „Преподобен“ (Venerable).

24 март 2026, 07:42