Пребарување

Cookie Policy
The portal Vatican News uses technical or similar cookies to make navigation easier and guarantee the use of the services. Furthermore, technical and analysis cookies from third parties may be used. If you want to know more click here. By closing this banner you consent to the use of cookies.
I AGREE
Pope Francis still hospitalized in Rome

Ангел Господов: Уметноста е универзален јазик кој го замолчува секој воен крик

Неделното обраќање на папата Фрањо, кој е хоспитализиран поради бронхитис во поликлиниката Гемели, е објавено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол во недела 15 февруари 2025 година. Во текстот, Папата им се обраќа на уметниците по повод нивниот јубилеј, повикувајќи ги да се молат за земјите во војна, како и за сите членови на здравствениот персонал кои се грижат за него, кои „треба да бидат поддржани“ бидејќи „вршат скапоцена и многу тешка работа“.

Молитва за земјите во војна, жалење што не можеше да служи света Литургија по повод јубилејот на уметниците, благодарност до здравствените работници од поликлиниката Гемели во Рим, каде што е хоспитализиран поради респираторна инфекција – стои во неделното попладневно обраќање на папата Фрањо и објавено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол. По повод јубилејот на уметниците, Папата потсети дека самата уметност има во себе моќ да придонесе за ширење на мирот, а потоа изрази жалење што не можел лично да го доживее славењето на Евхаристијата посветена за уметниците кои дојдоа од различни делови на светот да ги прослават јубилејните денови.

Благодарам на Дикастеријата за култура и образование што го подготви овој настан, кој не потсетува на важноста на уметноста како универзален јазик кој шири убавина и ги обединува народите, придонесувајќи за создавање хармонија во светот и замолчување на секој воен крик. Сакам да ги поздравам сите уметници кои учествуваа: Сакав да бидам меѓу вас, но, како што знаете, сум во поликлиниката „Гемели“ затоа што уште имам потреба за лекување од бронхитисот.

Благодарност до персоналот на поликлиниката Гемели

Папата потоа се заблагодарува за изразите на близина кои стигнаа до него во овие денови на хоспитализација, со посебни мисли за целиот здравствен персонал во поликлиниката „Гемели“ каде е хоспитализиран.

Ви благодарам за љубовта, молитвите и близината со која ме придружувате овие денови, но исто така сакам да им се заблагодарам на лекарите и здравствените работници од оваа болница за грижата: тие вршат скапоцена и многу тешка работа, да ги поддржиме со молитва!

Мисли посветени на земјите во војна

На крајот, пред да ги поттикне верниците да и се доверат на Марија за таа да им помогне, како неа, да бидат пејачи и создатели на убавината што го спасува светот, папата Фрањо уште еднаш поттикна на молитвата за земјите во војна. Ги поттикнувам сите да продолжат да се молат за мир во напатената Украина, во Палестина, во Израел и на целиот Блиски Исток, во Мјанмар, во Киву и во Судан.

16 февруари 2025, 21:43
Prev
March 2025
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031     
Next
April 2025
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930