Пребарување

Cookie Policy
The portal Vatican News uses technical or similar cookies to make navigation easier and guarantee the use of the services. Furthermore, technical and analysis cookies from third parties may be used. If you want to know more click here. By closing this banner you consent to the use of cookies.
I AGREE
2024.11.29 Delegazione del Dipartimento di Odontoiatria dell'Università degli Studi di Napoli "Federico II"

Папата: Медицината не смее да го игнорира човечкото достоинство заради пазарни интереси

Папата Фрањо на 29 ноември 2024 година прими делегација од Стоматолошкиот оддел на Универзитетот „Федерико II.“ во Неапол, по повод 800-годишнината од основањето на универзитетот и потсети дека ниеден живот не треба да се отфрла; личностa треба да се лекува во нејзината целост, а не само со еден дел од неа, со близина, сочувство и нежност.

Папата Фрањо прими делегација од Стоматолошкиот оддел на Универзитетот во Неапол „Федерико II.“ во аудиенција, по повод 800-годишнината од основањето на споменатиот универзитет.

Како што им рече Светиот Отец, нивната институција сé уште го носи името на Фридрих II. Швапски, императорот кој го основал еден од најстарите универзитети во светот:  „Годишнината што ја славите ве повикува вас докторите да се потсетите на светлата традиција на клиниката на која сте наследници. Сето ова е добро сумирано во слоганот што ги обединува учењето на грчкиот Хипократ со авторитетот на латинскиот Скрибониус: прво да не се наштети, потоа да се згрижи, а потоа да се лекува. Таквата проргама секогаш е добра и актуелна!“,  додаде папата Фрањо.

Грижа за другите со близина, сочувство и нежност „Грижата за другите е врвно делување според Евангелието, како добриот Самарјанин, но тоа треба да се прави во „Божји стил“. Каков е Божјиот стил?“, праша Папата и продолжи: „Тоа се близина, сочувство и нежност. Покрај тоа, секоја личност треба да се третира во целост, а не само делумно“.

Нови технологии и етика

Присутните лекари ги потсети дека можат да наликуваат на Исус кој исцелувал секакви болести и слабости меѓу луѓето. Исто така додаде дека денес класичната мудрост се среќава со технологијата што брзо се развива, но нејзиниот развој никогаш не смее да се одвои од етиката.

„Во спротивно, занемарувањето на етиката би значело занемарување на човечкото достоинство, кое е еднакво за сите! Медицината ризикува да се подложи на интересите на пазарот и идеологијата, наместо да се посвети на доброто на животот при породување, животот во страдање и оскудица. Лекарот постои да се излечи злото: Ниту еден живот не смее да се отфрли. Секогаш бидете внимателни и пратете го секој живот до крај!“, нагласи Светиот Отец.

На крајот, Светиот Отец ги поттикна да ја негуваат науката која секогаш е во служба на луѓето, заблагодарувајќи им се за нивната стручност и доследност во извршувањето на нивната работа и да продолжат да ги подучуваат другите и по осумстотини години.

 

02 декември 2024, 18:57
Prev
March 2025
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031     
Next
April 2025
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930