Пребарување

Cookie Policy
The portal Vatican News uses technical or similar cookies to make navigation easier and guarantee the use of the services. Furthermore, technical and analysis cookies from third parties may be used. If you want to know more click here. By closing this banner you consent to the use of cookies.
I AGREE
2024.09.13 Viaggio Apostolico a Singapore - Conferenza stampa volo Singapore-Roma

Папата Фрањо: Комуникацијата треба да се „разоружа“

„Споделете ја со добрина надежта што е во вашите срца“ е темата што ја одбра Папата за Светскиот ден на медиумите 2025 година, која беше објавена во вторник, 24 септември 2024 година. Наместо агресија и желба за доминација, нека надвладее ширењето на надежта.

Папата Фрањо со години склопува мозаик за „почовечка“ комуникација, а темата на Светскиот ден на социјалната комуникација 2025 година – објавена во вторник, 24 септември од Канцеларијата за печат на Светиот Престол – додава уште едно парче, со наслов кој звучи како поттик за професионалците во секторот: „Споделете ја со добрина надежта што е во вашите срца“.

Не за „пардигми на конкуренција“

Во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, се истакнува дека темата избрана за следната година се фокусира на фактот дека комуникацијата денес е премногу често насилна, насочена кон напади, а не кон воспоставување услови за дијалог. Затоа, неопходно е - како што се наведува во соопштението - комуникацијата да се разоружа, да се прочисти од агресијата, која ја има од телевизиски ток-шоуа до вербални војни на социјалните мрежи, каде што преовладува парадигмта на конкуренција, противење и желба за доминација.

Веродостојна порака

Комуникацијата, на која поттикнува папата Фрањо е проткаена со надеж, а за христијаните – се наведува во соопштението – „надежта“ е личност, а тоа е Христос. Овој вид на комуникација е секогаш поврзана со проект на заедницата; кога зборуваме за христијанската надеж, не можеме да ја игнорираме заедницата која ја живее пораката на Исус на веродостоен начин, која што дава навестување за надежта што ја носи со себе и е способна дури и денес да ја пренесе Христовата надеж со дела и зборови – се посочува во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

26 септември 2024, 16:27
Prev
March 2025
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031     
Next
April 2025
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930