Пребарување

Cookie Policy
The portal Vatican News uses technical or similar cookies to make navigation easier and guarantee the use of the services. Furthermore, technical and analysis cookies from third parties may be used. If you want to know more click here. By closing this banner you consent to the use of cookies.
I AGREE
2024.04.08 Familiari di Ostaggi nelle mani di Hamas

Папата Фрањо ги прими семејствата на израелските заложници

Папата Фрањо во понеделник 8 април 2024 година во Ватикан прими делегација од роднини на лицата кои Хамас ги киднапираше на 7 октомври минатата година и со нив разговараше околу еден час. Во Италија делегацијата ќе се сретне со претставници на италијанските институции и еврејските заедници

Неполн час траеше средбата на папата Фрањо со семејствата на израелските заложници кои се уште се во рацете на Хамас, која се одржа во Апостолската палата во Ватикан. Средбата се одржа точно шест месеци по бруталниот напад врз Израел на 7 октомври, во кој беа убиени повеќе од 1.100 лица. На тој ден беа киднапирани и 240 лица - меѓу кои жени, стари лица и деца.

Нивните роднини, кои дојдоа со фотографии од киднапираните, беа примени од Папата, кој веќе на 22 ноември 2023 година, во две одвоени аудиенции, се сретна со роднините на израелските заложници и група Палестинци чии членови на семејството се во Газа и плаќаат многу висока цена за војната. Папата Фрањо сака да ја изрази својата духовна близина со страдањата на сите – изјави тогаш портпаролот Матео Бруни. Ослободувањето на заложниците е апел што Папата безброј пати го упати во своите јавни настапи, заедно со апелот за прекин на огнот во Појасот Газа и за пристап на населението до хуманитарна помош, како итни и неопходни услови за решавање на конфликт.

Средби во Италија

Покрај средбата со Папата, за време на престојот во Италија, предвидено е делегацијата да се сретне и со претставници на италијанските институции и еврејските заедници во земјата.

12 април 2024, 08:44
Prev
March 2025
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031     
Next
April 2025
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930