Пребарување

Cookie Policy
The portal Vatican News uses technical or similar cookies to make navigation easier and guarantee the use of the services. Furthermore, technical and analysis cookies from third parties may be used. If you want to know more click here. By closing this banner you consent to the use of cookies.
I AGREE
C9OK02 - Archivio - Sessione del C9

Кардиналскиот совет разговораше за војните, Синодата и жените во Црквата

Средбата се одржа на 15 и 16 април 2024 година во домот Света Марта во Ватикан. На состанокот имаше осврт и молитви посветени на конфликтите во различни делови на светот, посебно на Блискиот Исток и Украина. Загрижени од она што се случува, членовите на Кардиналскиот совет и Папата изразија надеж дека ќе се зголемат напорите насочени кон изнаоѓање патишта за преговори и мир

Попладнето на 16 април заврши состанокот на Кардиналскиот совет, кој започна во понеделник на 15 април во Домот Света Марта во Ватикан. Работата на вториот ден започна со извештај на кардинал Марио Грех и монсињор Пјеро Кода за тековната Синода - соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол - и заврши откако се разгледа спроведувањето на Апостолската контитуција Praedicate evangelium во бискупиите, со извештаи од секој кардинал за социјалната, политичката и црковната ситуација од регионите на нивното потекло.

За време на состанокот имаше осврти - и во неколку наврати молитви - посветени на војните и конфликтите во различни делови на светот, посебно на Блискиот Исток и Украина. Заедно со Папата, членовите на Советот ја изразија својата загриженост за се што се случува и се надеваат дека ќе се зголемат напорите насочени кон изнаоѓање патишта за преговори и мир.

Работа на Кардиналскиот совет на 15 април

Во понеделник, 15 април, кардиналите разговараа за улогата на жената во Црквата и ги слушанаа размислувњата на сестра Регина да Коста Педро, од Конгрегацијата на мисионерите на безгрешното зачнување, која ги презентираше конкретните приказни и размислувања на некои жени од Бразил, како и презентацијата на професорката Стела Мора, од Теолошкиот факултет на Папскиот универзитет Грегоријана, која зборуваше за начинот на кој културите ја препознаваат улогата на жената на различни места на планетата.

Советот на кардиналите повторно ќе се состане во јуни.

18 април 2024, 10:33
Prev
March 2025
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031     
Next
April 2025
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930