Пребарување

Cookie Policy
The portal Vatican News uses technical or similar cookies to make navigation easier and guarantee the use of the services. Furthermore, technical and analysis cookies from third parties may be used. If you want to know more click here. By closing this banner you consent to the use of cookies.
I AGREE
2023.04.06 In Coena Domini Casa Circondariale Minorile di Casal del Marmo

Папата Фрањо на Велики Четврток ќе служи во женскиот затвор Ребибија

Префектурата на Папскиот дом објави дека на 28 март 2024 година во 16.00 часот, Папата приватно ќе оди во женскиот затвор во Рим за да служи Миса Господова вечера и да се сретне со затвореничките и вработените во таа институција. Папата го посети „Новиот комплекс“ на затворот Ребибија уште во 2015 година за да им ги измие нозете на дванаесет затвореници од различни националности.

Уште еден Велики Четврток во затвор, за да слави Мисата Господова вечера со затвореници, оваа година со жени. На 28 март 2024 година, папата Фрањо ќе оди во женскиот затвор Ребибија, како што тоа го направи и во 2015 година кога отиде во тој римски затвор во посета на „Новиот комплекс“ каде служеше Миса Господова вечера со повеќе од 300 затвореници и персоналот, и за време на обредот миење на нозе им ги изми нозете на шест мажи и шест жени. Оваа година Светиот Отец ќе го посети женскиот затвор изграден во 50-тите години на минатиот век, моментално најголемиот од четирите женски затвори во Италија и еден од најголемите во Европа, каде што има големо присуство на жени од странство.

Веста ја соопшти Префектурата на Папскиот дом во соопштение во кое се вели: „На Велики Четврток, 28 март 2024 година, во 16.00 часот, Светиот Отец приватно ќе оди во женскиот затвор Ребибија во Рим, за да слави Света Миса Господова вечера и да се сретне со затвореничките и вработените во таа институција“.

Традиција од почетокот на понтификатот

По единаесет години, папата Фрањо ја продолжува традицијата започната на самиот почеток на неговиот понтификат свечената Миса Господова вечера повеќе не ја служи во римската катедрала, во базиликата Свети Иван Латерански, туку оди на симболично место, на раскрсницата на болката но и на повторното раѓање. Таа традиција папата Фрањо ја донесе во Рим од Буенос Аирес, каде како надбискуп основните моменти на раѓањето на христијанството секогаш сакал да ги живее среде егзистенцијалните периферии.

07 март 2024, 08:33
Prev
March 2025
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031     
Next
April 2025
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930