Пребарување

Cookie Policy
The portal Vatican News uses technical or similar cookies to make navigation easier and guarantee the use of the services. Furthermore, technical and analysis cookies from third parties may be used. If you want to know more click here. By closing this banner you consent to the use of cookies.
I AGREE
VATICAN-RELIGION-POPE-ANGELUS

Ангел Господов: Молитва и братство за да се изгради свет кој е дом, а не пазар

Во своето пладневно обраќање до верниците присутни на плоштадот Свети Петар пред молитвата Ангел Господов во недела 3 март 2024 година, папата Фрањо поттикна за време на постот да тргнеме по патот на заедништвото, милосрдието и близината за да ги срушиме бариерите на тишината и рамнодушноста. Размислувањето на Папата го пренесуваме во целост.

Драги браќа и сестри, добар ден!

Во денешното Евангелие пред нас е ставена една тешка сцена, Исус ги истерува трговците од храмот (сп. Иван 2,13-25).Исус ги истерува продавачите, ги превртува масите на менувачите и сите ги предупредува велејќи: „Домот на Мојот Отец немојте да правите дом за тргување“ (стих 16). Да се задржиме токму на контрастот помеѓу домот и пазарот: тоа се, имено, два различни начини на кои се позиционираме кон Господа.

Во храмот сфатен како пазар, за да бидеме во мир со Бога, доволно беше да се набави јагне, да се плати за него и да се испече на жртвеникот. Купи, плати, јади и потоа сите си одат во своите домови. Во храмот сфатен како дом, сепак, се случува спротивното: одиме да се сретнеме со Господа, да бидеме во заедништво со него и со нашите браќа, да споделуваме радости и таги еден со друг. Понатаму: на пазарот се се врти околу цената, во домот нема калкулација; на пазар се бара сопствена корист, во домот се дава бесплатно. Денес, Исус е остар затоа што не прифаќа храмот-пазар да го замени храмот-дом, односот со Бог да биде далечен и пресметан, наместо близок и полн со доверба, тезгите на трговците да ја заменат семејната трпеза, цените да ги заменат прегратките, а парите да ги заменат милувањата. И зошто Исус не го прифаќа тоа? Затоа што така се создава бариера меѓу Бога и човекот и меѓу браќата, затоа што Христос дојде да донесе заедништво, да донесе милосрдие, односно простување, да донесе близина.

Затоа, повикот и за нашето чекорење во постот е следен: во себе и околу себе да да создаваме повеќе дом, а помалку пазар. Пред сè, во однос на Бога: многу молење, како деца кои неуморно тропаат на вратата на Отецот со доверба, а не како скржави и недоверливи трговци. Значи, пред сè, молејќи. А потоа да шириме братство: голема е потребата од братство. Да се потсетиме на непријатната, изолирана, понекогаш дури и непријателска тишина што ја среќаваме на многу места. Па да се запрашаме: најпрво каква е мојата молитва? Дали е тоа цена што треба да се плати или е момент на сигурно предавање, каде што не гледам во часовникот? И какви се моите односи со другите? Дали знам да дадам без да очекувам нешто за возврат? Дали знам како да го направам првиот чекор за да ги пробијам ѕидовите на тишината и празнината на дистанцираноста? Тие прашања треба да си ги поставиме.

Богородица нека ни помогне „да создаваме дом“ со Бога, меѓу нас и околу нас.

03 март 2024, 17:31

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >
Prev
March 2025
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031     
Next
April 2025
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930