Папата повика на молитва за Украина, потсети и на Светскиот ден на мисиите
По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо истакна дека во вторник на 25 октомври ќе оди во римскиот Колосеум да моли за мир во Украина и во светот, заедно со претставници на христијанските цркви и заедници и светските религии. Оваа молитва за мир е во рамки на иницијативата „Крик на мирот“ што ќе се одржи деновиве.
„Ве повикувам духовно да се придружите на овој голем молитвен повик кон Бога: молитвата е сила на мирот. Да молиме, да продолжиме да молиме за маченичката Украина“.
Ќе ми бидете сведоци
Во недела 23 октомври се одбележува Светскиот ден на мисиите со овогодинешната тема „Ќе ми бидете сведоци“, рече Папата. И овој ден означува „важна можност кај сите крстени лица повторно да се разбуди желбата да учествуваат во универзалното послание на Црквата, со сведочење и навестување на Евангелието“.
„Ги охрабрувам сите да ги поддржат мисионерите со молитва и конкретна солидарност, за да можат да го продолжат своето евангелизациско дело и поттикнување на луѓето во целиот свет.“
Во својата порака за Светскиот ден на мисиите 2022 година, Папата вели: Продолжувам да сонувам за целосно мисионерска Црква и нова ера на мисионерска активност на христијанските заедници.
Бидете храбри Христови сведоци
На крајот, Папата потсети на вчерашниот ден, имено во Мадрид беа прогласени за блажени Висенте Никасио Ренунцио Торибио и единаесет придружници од Конгрегацијата на Пресветиот Откупител, убиени во 1936 година во Шпанија од омраза кон верата.
„Примерот на овие Христови сведоци, кои ја пролија својата крв, нè поттикнуваат да бидеме доследни и храбри; Нивното застапништво нека ги поткрепат оние кои денес се трудат да го посеат Евангелието во светот“.