2026.04.22 15943-Bishop Stojanov meets with the director of Macedonian Caritas

Каритас е пред големи предизвици

Бројните предизвици кои следат во блиска иднина беа главната тема на средбата на Претседателот на Каритас, монс. д-р Киро Стојанов со директорот на Македонски Каритас д-р Зоран И. Стојанов

Бројните предизвици кои следат во блиска иднина беа главната тема на средбата на Претседателот на Каритас, монс. д-р Киро Стојанов со директорот на Македонски Каритас д-р Зоран И. Стојанов, која се одржа во вторник 21 април 2026 година, во просториите на ординаријатот на Струмичко-скопската епархија во Скопје.

Отец Зоран детално го информираше епископот за активностите во првиот квартал од 2026 година, за имплементацијата на постојните проекти и започнувањето на некои нови предизвици во работата на Каритас, како и за плановите за идно дејствување. Епископот Стојанов ги поддржа активностите на Каритас, нагласувајќи ја својата континуирана посветеност дека Македонски Каритас е организација која секогаш треба да ги има на прво место лицата во потреба и оние на маргините на општеството.

22 април 2026, 08:12