Во скопската катедрала бискупот Стојанов ја служеше Литургијата
На Велики Четврток, на 2 април 2026 година, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, свечената Литургија Господовата вечера ја предводеше Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов. Со него сослужуваа катедралниот парох патер Винко Маслаќ, бискупскиот канцелар, протојереј ставрофор отец Марјан Ристов, и катедралниот викар патер Томислав Рукавина.
Проповедникот патер Томислав Рукавина во својата проповед се осврна на три важни точки, кои се посебност за Велилки Четврток и тоа: Светата Евхаристија, свештенството и обредот миење нозе.
По хомилијата следуваше обредот миење нозе, во кој бискупот на дванаесет избрани верници им ги изми нозете и им подари леб, како знак на братска љубов и заедништво. Со овој обред верниците се потсетија на Исусовиот пример, кој го даде на Последната вечера, кога во понизност и љубов им послужи на своите ученици, оставајќи им трајна поука дека вистинската големина се открива во служењето.
По причестната молитва, бискупот Стојанов ја пренесе Светата Причест во дарохранителницата.
На литургијата пееше катедралниот хор под водство на Јулија Неловска, а на оргули свиреше Филип Костов.