Пребарување

2023.12.25 Mons. Stojanov alla Messa di Natale - Macedonia del Nord

Велики Четврток: Бискупот Стојанов служеше света Литургија со посвета на миро

На Велики Четврток, според грегоријанскиот календар, на 2 април 2026 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов ја предводеше светата Литургија со посвета на миро во Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

На Велики Четврток, според грегоријанскиот календар, на 2 април 2026 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов ја предводеше светата Литургија со посвета на миро во Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

Со бискупот сослужуваа свештеници од Скопска и бискупија и  Струмичко-скопската епархија. За време на светата Литургија бискупот Стојанов ги посвети светото миро и елејот за помазание на болните, кои имаат посебно значење во светотаинскиот живот на Црквата.

Во своето слово упатено до присутните, бискупот го честита Денот на свештениците и сестрите Евхаристинки и потсети дека на овој ден Господ Исус Христос ја востановил Светата Тајна свештеничко ракополагање, нагласувајќи ја нивната незаменлива служба во животот на Црквата.

Осврнувајќи се на библиската традиција, бискупот направи паралела меѓу старозаветното и новозаветното свештенство, истакнувајќи дека Христос го воспоставува новото свештенство како служба за Божјиот народ објаснувајќи дека службеното свештенство има задача да го води, осветува и поучува народот Божји.

Бискупот се осврна и на значењето на мирото и елејот, истакнувајќи ја важноста на елејот за болните, кој се користи за духовно и телесно зајакнување, како и на светото миро, преку кое верниците се запечатуваат со дарот на Светиот Дух, посебно во Светата Тајна Миропомазание.

Литургиското славење на Велики Четврток ја нагласува единственоста на свештенството и заедништвото на Црквата преку светата Евхаристија, како и поврзаноста со Христовата жртва и служба.

03 април 2026, 07:15