На Водно бискупот Стојанов го предводеше традиционалниот Крстен Пат
Во сабота 28 март 2026 година, пред Цветници, според грегоријанскиот календар, се молеше Традиционалниот Крстен пат до Милениумскиот крст на Водно во организација на скопската парохија „Пресвета срце Исусово”. Крстниот пат започна на Средно водно а заврши на врвот каде е поставен Милениумски крст.
Побожноста ја предводеше Скоспкиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов и патер Томислав Рукавина, капелан при истоимената парохија. Учество зедоа верници од парохијата сестрите Евхаристинки, Усмилинки како и членови на Марииното дело – Фоколари.
На крајот, под Јубилејниот крст, бискупот Стојанов поделувајќи го својот архиерејски благослов, искажа благодарност на организаторите и присутните верници за реализирањето на оваа побожност.
Традиционално на Водно од 2014 година се одржува Крстен пат, кој го предводи бискупот Стојанов, а во организација на катедралната парохија „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје.