Пребарување

2026.03.20  Spiritual renewal for the priests of the Strumica-Skopje diocese

Духовна обнова за свештениците од Струмичко-скопската епархија и Скопска бискупија

Во катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица се одржа свештеничка духовна обнова, на која присуствуваа Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов и свештеници од Струмичко-скопската епархија и Скопската бискупија.

Во катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица, во среда, 18 март 2026 година, се одржа свештеничка духовна обнова, на која присуствуваа Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов и  свештеници од Струмичко-скопската епархија и Скопската бискупија.

Духовната обнова започна со молитва од Часословот – Шести час, по што следуваше духовно размислување кое го одржа Исусовецот, патер Звонко Влах. Во своето излагање тој се осврна на значењето на свештеничката служба и повикот кон автентично живеење на Божјиот повик, потпирајќи се на учењето од црковниот документ Presbyterorum ordinis. Притоа, беа истакнати конкретни и актуелни насоки за живеење на свештеничкото послание во современите услови.

Програмата продолжи со Света Бројаница и можност за Света Исповед. Во рамките на духовната обнова беше служена и света Литургија, која ја предводеше монсињор Киро Стојанов.

Средбата заврши со заедничко агапе и заедништво во парохиската сала.

21 март 2026, 07:27