Во Струмица се одржа 5. Светски ден на баби и дедовци и стари лица
Во проповедта отец Гоце Костов цитирајќи од пораката на папата Лав XIV, каде се спомнуваат старозаветните ликови, Авраам, Сара, Мојсеј…, со кои Бог се послужил да направи исклучително важни настани во историјата на спасение, истакна дека Бог и денес се служи со бабите и дедовците, со постарите лица за многу важни моменти преку кои можат да се случат големи промени: во семејството и средината во која живеат. Важно е само да се стават на располагање и да кажат „еве ме Господи“.
Средбата продолжи со заедништво и агапе во црковниот двор.
Децата и младите од веронаучната група, во спомен на покојните баби и дедовци запалија свеќи во дворот пред статуата на Пресвета Богородица, доверувајќи ги на нејизиното мајчинско застапништво.
Во недела 27 јули 2025 година се служеше света Литургија по накана на бабите, дедовците и старите лица.
Во деновите пред одржување на настанот децата и младите од веронаучната група ги посетија дедовците и бабите и постарите лица, подарувајќи им ја пораката на папата Лав XIV 5. Светски ден на баби и дедовци и стари лица. Честитајќи им го денот ги поканија на молитвената средба во парохиската црква